Виетнам и Кина ја интензивираат соработката
Премиерите на Виетнам и на Кина, Фам Мин Чин и Ли Чијанг вчера во Ханој потпишаа 10 договори за соработка меѓу кои во сферата на земјоделството, одбраната и царината.
Фам побара од Кина да ја поттикне земјоделската трговија со Виетнам и да ги подобри царинските услуги на границата.
Премиерот на Виетнам исто така предложи двете земји да соработуваат на имплементација на потпишаните документи за железничката поврзаност, јави државната Виетнамска телевизија (ВТВ).
Кина е најголем трговски партнер на Виетнам, а во трите квартали од годината билатералната трговија забележа раст од 21 процент во споредба со истиот период минатата година и изнесува 148 милијарди долари.
Премиерот на Кина беше во тридневна посета на Виетнам, при што се сретна и со претседателот То Лам