Викај полиција

Година и пол се справуваме со последиците од ковидот и последиците од бугарското вето. Затоа што година и пол, освен ковид и Бугарија ние немаме друга вест во државата. Броиме умрени и броиме бугарски вета. Ама тие последици ги чувствуваме ние, а власта не.
Очигледно е дека нè фати нов вртлог од кој можеби нема да можеме да се извлечеме и следните триесет години. Ама, што правиме со нашава живејачка тука? Кога тоа ќе стане приоритет на секоја власт, ако веќе решиме дека не сме спремни да одиме подолу од ова за да станеме дел од ЕУ? Глупаво е штом се разбудиме секое сабајле да гледаме што кажала Софија и како тоа го искоментирале во Вашингтон и Брисел, а да не гледаме што ни се случува во Скопје. Срамно е меѓународната заедница да биде совеста на власта, или што би рекол Заев, камшикот за власта, наместо тоа да бидат граѓанките и граѓаните што плаќаат даноци и гласаат на избори.
4Претседетелот на Собранието Талат Џафери отишол во Европскиот парламент во Брисел и се обратил на албански јазик, иако според Уставот, за меѓународна употреба службен е македонскиот јазик.
Џафери е втор човек во државата. Како законодавец, сигурно знае дека Уставот е посилен од законот кој пропишува дека на албански може да зборува во македонското Собрание. Во странство, службениот јазик е македонскиот. Башка, Џафери знае македонски, не е како лидерот Али Ахмети. Ама, претседателот на Собранието, во стилот на сопартиецот Рамиз Мерко, вика „баш ме брига“. Бидејќи се зелена партија, тие се над Уставот.
И еве – да речеме дека Албанците се израдуваа оти Џафери во Брисел зборувал албански. А Македонците да се израдуваат? Или, што поголемо понижување на Македонците толку поуспешна кампања на ДУИ.
Додека СДСМ се секира што ќе кажат странците, ДУИ си се секира само за Албанците. Оти, ако се бранат интересите на Македонците, тоа не е политички коректно, ама за интересите на Албанците сè е политичко коректно.
Што послаб партнер во власта, толку повисока цена за ДУИ.
Целата колумна на Горан Михајловски на сдк мк






