Викендов ќе пристигнат 500 илјади вакцини „Синовак“, а утре уште 100 илјади „Фајзер“

Тој информира дека вакцините ќе се складираат во поликлиниката „Јане Сандански“ и на Институтот за судска медицина. Очекува откако ќе биде добиена дозвола за пуштање на сериите во промет од Агенцијата за лекови вакцините тие да се дистрибуираат низ државата од почетокот на следната недела.

-Кинеските вакцини сите заедно со два авиона стигнуваат на 27-ми в недела во 14 и во 16 часот по 250.000 на Аеродоромот во Скопје. Веќе е направен план за складирање во Поликлиниката „Јане сандански“ и ан Институтот за судска медицина каде што има доволно голем капацитет да се сместат во ладните соби вакцините. Непосредно по добивање на дозволата за пуштање на сериите во промет, верувам дека тоа ќе биде в понеделник или во вторник поради тоа што во Агенцијата за лекови веќе се спремни и ги очекуваат сите документи, дел се електронски пристигнати пред пратката, ќе се дистрибуираат ширум државата, изјави Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој имаше состанок со директорите на Фондот за здравствено осигурување Стево Крстевски и Фатон Ахмети, претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита д-р Љубиша Каранфиловски и претставници на Здружението на медицинските сестри, техничари и акушерки, на кој е договорено од септември на медицинските сестри и техничари да им биде платено високото образование

Back to top button
Close