Вилијан на прегледи во Арсенал

Лондон, 10 август 2020 (МИА) – Вилијан е пред преселба во Арсенал. Бразилецот, кој го напушти Челси и е слободен агент, денеска беше подложен на лекарски прегледи во Лондон. По нивното завршување, се очекува тој да потпише 3-годишен договор со „топџиите“, пренесоа островските медиуми.

Офанзивниот играч од средниот ред го напушти „Стемфорд Бриџ“ по седум години во клубот. Не недостасуваа понуди за 32-годишникот, но тој го одбра Арсенал и само ќе го смени соседството во Лондон.

Сепак, некои навивачи потсетуваат дека сè додека не се склучи договор, трансферот не е 100 отсто сигурен. Пред да се пресели во Челси, Вилијан беше прегледан во Тотенхем, но потоа се најде со својот градски ривал.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close