Вино старо еден век се чува во винскиот подрум во Музејот во Кавадарци

Во Винскиот музеј на Град Кавадарци се чува шише вино старо безмалку сто години. Тоа е подарок од семејството Велкови, произведено 1926 година, кое е меѓу бројните експонати, пренесе СДК.

Виното е сместено во т. н. вински подрум од зградата на Музејот, каде има повеќе предмети кои зборуваат за развојот на лозарството и винарството во Тиквешијата.

„Семејството Велкови поседува повеќе такви примероци и едно ни даде нам за чување и експонат за гостите. Тоа е бело вино“, вели Томе Крстевски, виш кустос-етнолог во Музејот на Град Кавадарци.

Повеќе

Back to top button
Close