Вишото ЈО ги оквалификува како неосновани жалбите на одбраната на обвинетите за ,,27 април”

 На јавната расправа, што трет ден се одржува во Апелацискиот суд за жалбите по пресудата за случајот „27 април”, Вишото јавно обвинителство со повеќе образложенија ги оцени жалбите на одбраната на обвинетите како неосновани.

Седницата денеска продолжи со исказите на дел од одбраната. Тие посочуваа делови од пресудата, кои, според нив се апсурдни, нема доволно докази или не се добро појаснети.

Предвидено е денеска да заврши јавната расправа. По исказот на Вишото ЈО во Апелацискиот суд, обвинетите ќе ги изнесат своите жалби.

Back to top button
Close