Владата го разреши државниот правобранител Стафа

На денешната владина седница е разрешен државниот правобранител Фехми Стафа, потврдиле од Владата за ,,Фокус”.

Допрва се очекува образложение за ваквата одлука.

Инаку Стафа пред неколку месеци поднесе кривична пријава за неуспешната конфискација за случајот ,,Трансмет”, против обвинителите Гаврил Бубевски и  Артан Ајро, како и за досегашниот директор Арафат Муареми, но од друга страна обвинителството ја истражува и неговата улога, односно на Државното правобранителство во случајот со конфискацијата на имотот на бизнисменот Сеад Кочан

 

 

Back to top button
Close