Владата отпочна постапка за кризна состојба, назначи Управувачки комитет и Група за процена

.
Владата вечерва одржа седница за да ја отпочне постапката согласно со препораката од Советот на безбедност за прогласување кризна состојба на целата територија на државата и ефикасно справување со последиците од КОВИД-19.
– Во таа насока, согласно Законот за управување со кризи, на вечерашната седница Владата донесе решение за изменување на Решението за именување членови на Групата за процена, со кое за членови на оваа група се именуваат Стојанче Ангелов, вршител на должност директор на Центарот за управување со кризи и Беким Максути, вршител на должност директор на Дирекцијата за заштита и спасување, соопшти владината прес-служба.
На вечерашната, 22-ра седница, донесено е и решение за изменување на Решението за именување членови на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и за членови на Комитетот го именуваше Стојанче Ангелов, в.д. директор на Центарот за управување со кризи и раководител на Групата за процена.






