Владата се откажа од задолжителната вакцинација за здравствените работници и ПЦР тестот за невакцинираните административци

Мерките кои Комисијата за заразни болести ги предложи до Владата – задолжителна вакцинација за здравствените работници и невакцинираните административци да се тестираат со ПЦР тест барем еднаш на 72 часа за да влезат на работното место – паднаа во вода. Владата се откажа од овие две мерки, а причината е во тоа што се наишло на проблем како ќе се казнува ако некој не се тестира и како ќе се спроведе оваа мерка, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.

Здравствените власти сега со друга мерка ќе се обидуваат да го зголемат вакциналниот опфат. Секој матичен лекар што ќе постигне 70 проценти од неговите пациенти да се вакцинирани против ковид, ќе добие 30 денари бонус по пациент. Парите на матичните лекари ќе им бидат исплатени до почетокот на летото. Во просек секој матичен лекар има меѓу 1.000 и 2.500 пациенти, па финансискиот бенефит не е за занемарување. Меѓутоа, проблем е што матичните лекари не знаат како да им влијаат на тврдокорните и решени да не се вакцинираат пациенти кои се лекуваат во нивните ординации.

 

Back to top button
Close