Владата со нејзина “приказна” – в.д. директорот Дранго е сменет бидејќи му истекол мандатот, а не бидејќи уби мечка и се сликаше со неа

Сашо Дранго бил сменет од функцијата заменик-директор на „Македонија пат“ бидејќи му истекол мандатот, одговорија од Владата на прашањата на СДК дали промената на раководното место се случи поради неговото сликање со убиена мечка. За нов заменик-директор е назначен економистот од Ресен, Александар Шуковски.

Промената доаѓа два месеца откако во јавноста излезе фотографијата на која Дранго позира со мртва мечка. Сликата на 2 јануари ја објави Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ , а се претпоставува дека била направена во декември 2024. На неа Дранго носи пушка со снајперски нишан, поради што од Здружението обвинија дека тој ја застрелал мечката, класифицирана како дивеч под заштита.

Дранго, кој е претседател на Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Хисар, за медиумите тврдеше дека мечката со која позира на фотографијата угинала во сообраќајна несреќа на патот Битола-Ресен, по што со вработените од „Македонија пат“ ја тргнале од патот, а тој притоа се фотографирал со неа. Тврдеше дека за несреќата има и полициски записник, но од битолската полиција негираа дека во декември лани имало таква пријава

Back to top button
Close