Владејачката партија во Грузија прогласи победа на парламентарните избори

Владејачката партија во Грузија прогласи победа на вчерашните парламентарни избори.

Гласањето беше окарактеризирано од опозицијата како „уставен удар“ и може дополнително да ги наруши надежите на кавкаската земја за членство во ЕУ, наведуваат светските агенции.

Доколку делумните резултати ја потврдат победата на партијата „Грузиски сон“, Грузија би можела да се придвижи кон приближување кон соседна Русија.

Брисел остро ја критикуваше политиката на „Грузиски сон“ и рече дека изборите ќе бидат клучни за шансите на Тбилиси да се приклучи на ЕУ.

Централната изборна комисија синоќа соопшти дека со повеќе од 70 отсто преброени гласови, „Грузиски сон“ води со 53 отсто, а главната опозициска алијанса има 38 отсто.

Тоа значи дека „Грузискиот сон“ ќе има 89 пратеници во 150-члениот Парламент – доволно за владеење, но нема да го има уставното мнозинство што го сакаше за да може да направи големи уставни измени.

Конечните резултати од изборите се очекува да бидат соопштени во текот на денешниот ден.

„Грузиски сон“ обезбеди солидно мнозинство“, рече извршниот секретар на партијата Мамука Мдинарадзе

Back to top button
Close