Властите во Гватемала спасија 160 деца од еврејската секта Лев Тахор

Властите во Гватемала ослободија 160 деца и адолесценти од еврејската секта Лев Тахор во југоисточниот дел на земјата, по обвинувањата за злоупотреба на деца, вклучително и силување, соопштија обвинителите.

Спасувачката операција е спроведена во руралната општина Ораторио, што се наоѓа на 78 километри југоисточно од главниот град.

„Врз основа на изјавите на оштетените, собраните докази и лекарските прегледи, констатирано е дека има облици на трговија со луѓе, вклучувајќи присилни бракови, злоупотреба и слични кривични дела“, рече обвинителката Ненси Пејс на прес-конференција

Back to top button
Close