ВМРО-ДПМНЕ го најде виновникот за бегството на Рамадани. Судијата Пајазит работел за СДСМ и ДУИ
Пајазит Пајазити, судија близок до ДУИ и СДС го пушти Блерим Рамадани во куќен притвор, за лесно да избега, обвини денеска на прес конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски.
– Пајазит Пајазити е истиот судија кој одлучуваше и за упадот во кулата за летање на аеродромот, и за условната пресуда на Иџет Мемети во случајот со поткуп. Секогаш кога СДС и ДУИ имаат интерес тука е Пајазит Пајазити. Бараме институциите веднаш да отворат постапки и Пајазит Пајазити да биде разрешен од функцијата судија. Инсталациите на СДС и ДУИ во судството мора да го ослободат системот, за тој да може да функционира. Одговорност за Пајазити веднаш – рече Стојаноски.
Тој додаде дека кадрите на СДСМ и на ДУИ во судството го пуштиле Блерим Рамадани да избега и порача дека се неопходни итни реформи во судството.