ВМРО ДПМНЕ: Растот на минималната плата без соодветен раст на останатите плати нема да постигне ефект на праведност

Растот на минималната плата без соодветен раст на останатите плати нема да постигне ефект на праведност. Имено со растот на 18 илјади денари минималната плата безмалку ќе се изедначи со платите во многу одговорни и суштински дејности. Затоа сметаме дека одделенски наставник кој зема 25 илјади денари и возач на автобус кој зема 23 илјади денари, треба да земаат далеку повисока плата од минималната плата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Исто така советник во некоја институција кој зема 24 илјади и помлад соработник со високо образование во одредена институција со 20 илјади денари согласно обврските и одговорностите треба да има плата која е повисока за одреден процент од минималната.

Вработените со ВСС во студентските домови како Виш соработник/ управник кој зема плата од 21.000 денари и Раководител на одделение со плата од 25.000, мора да земаат плата далеку повисока од минималната плата.

Затоа предлагаат,да се зголемат платите во државата согласно тежина и одговорноста на работата. Тоа значи вистинска помош за граѓаните, а не извор на нови неправди.

Најавија дека преку амандманската интервенција на Законот ќе бараат доследно почитување на колективните договори и коефициентите на сложеност на работните места кога ќе се исплаќаат платите на сите вработени во администрацијата.

„Растот на минималната плата без соодветен раст на останатите плати нема да постигне ефект на праведност. Имено со растот на 18 илјади денари минималната плата безмалку ќе се изедначи со платите во многу одговорни и суштински дејности. Затоа сметаме дека одделенски наставник кој зема 25 илјади денари и возач на автобус кој зема 23 илјади денари, треба да земаат далеку повисока плата од минималната плата“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат:

„Исто така советник во некоја институција кој зема 24 илјади и помлад соработник со високо образование во одредена институција со 20 илјади денари согласно обврските и одговорностите треба да има плата која е повисока за одреден процент од минималната.

Вработените со ВСС во студентските домови како Виш соработник/ управник кој зема плата од 21.000 денари и Раководител на одделение со плата од 25.000, мора да земаат плата далеку повисока од минималната плата.

Оттука предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е да се зголемат платите во државата согласно тежина и одговорноста на работата. Тоа значи вистинска помош за граѓаните, а не извор на нови неправди.

Преку амандманската интервенција на Законот ќе бараме доследно почитување на колективните договори и коефициентите на сложеност на работните места кога ќе се исплаќаат платите на сите вработени во администрацијата. СДСМ најмалку што може е веднаш да направи ребаланс на буџетот со кој ќе се зголемат и дотациите на општините од страна на Владата за целосно да се почитуваат правата на сите вработени во образованието, градинките и администрацијата.

Со СДСМ пак одговорија дека Груевски и Мицкоски ја промовирале нашата земја како рај за евтина работна сила.

„Чисто лицемерие е тврдењето на Мицкоски дека ја поддржува минималната плата. Освен неговите економисти кои јавно се противат на покачувањето на минималната плата, Трајко Славески и Данела Арсовска се први на фронтот за спречување на раст на платите. ВМРО-ДПМНЕ докажа дека е партија против работниците, во изминатите четири години ги блокираше сите закони кои беа во интерес на покачување на платите на граѓаните“, веалт од владејачката парија.

За разлика од нив, СДСМ ја покачи минималната плата на 18.000 денари, со што за 4 и пол години имаме двојно покачување од минималната плата од онаа од времето на ВМРО-ДПМНЕ

 

 

Back to top button
Close