ВМРО-ДПМНЕ: Само Филипче смета дека вметнувањето на Бугарите во Уставот е единствениот билатерален проблем со Бугарија и Румен Радев

Само специјалниот бугарски пратеник Филипче слепо верува на политиките на Радев дека уставните измени се последната препрека за нашиот влез во ЕУ, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.

Но, не само што уставните измени не е последната препрека, туку не е ниту последно барање на Бугарија.На видео од 2019 година, слушаме како сегашниот премиер на Бугарија, Румен Радев јасно кажува дека Гоце Делчев е Бугарин и ги претставува неговите негаторски видувања за Македонија.

Ова е од периодот кога Филипче и Заев се власт и секако немаа никаква осуда за овој говор на Радев.

Филипче да одговори, дали го има гледано ова обраќање на Радев и дали смета дека само Бугарите во Устав е проблемот кој се надзира?

Уставните измени се само првиот од многуте барања кои ги имаат Бугарите, а се однесуваат на бугаризација на наши историски ликови како Гоце Делчев, Кирил и Методиј, Јане Сандански, негирање на идентитетски разлики, негирање на македонскиот јазик и култура, како и менување на комплетната историја на Македонија.

Back to top button
Close