ВМРО-ДПМНЕ со поддршка за Данела Арсовска за кандидатка за градоначалник на Скопје
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на прес конференција посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска.

„Извршниот комитет, а потоа и Централниот комитет донесе одлука ВМРО-ДПМНЕ да ја поддржи Данела Арсовска“, порача Мицкоски.






