Внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав е важен чекор, порача Радев

Договорениот механизам за имплементација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Северна Македонија мора да доведе до одржливи резултати во билатералните односи, што ќе стане солидна основа за поддршката на нашата земја за реализација на европската перспектива на нашата југозападен сосед.

Ова го истакнал претседателот на Бугарија Румен Радев на работна средба со тамошниот министер за надворешни работи Николај Милков и претставници на неговиот тим, на која шефот на државата бил информиран за развојот на дијалогот со Република Северна Македонија за спроведување на билатерален договор меѓу двете земји од 2017 година и Протоколите од состаноците на Мешовитата меѓувладина комисија согласно член 12 од истиот.

„Достигнувањата во политичкиот дијалог треба да се материјализираат како на полето на енергетиката, економијата и поврзаноста, така и во однос на градење добрососедски односи и почитување на човековите права, беше констатирано на средбата. Генералниот став беше дека вклучувањето на Бугарите во Република Северна Македонија во Уставот на земјата е важен чекор во контекст на почетокот на преговорите за членство во ЕУ за нашиот југозападен сосед“, стои во соопштението од бугарското претседателство.

Back to top button
Close