Во 2020 градежниците завршиле 2335 станови, во индивидуална режија градени се 1617 објекти

Градежните компании во минатата година работеле на 2385 објекти, а завршиле вкупно 2335 станови со вкупна површина од 152 825 м2, од кои 2 299 се во индивидуална сопственост, објави Државниот завод за статистика.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2020 година, деловните субјекти кои се занимаваат со градежна дејност извршиле градежни работи во вредност од 32.718. 450 илјади денари. Од нив, 12.533.204 илјади денари се за објекти во индивидуална сопственост. Просечната корисна површина на завршените станови е 65,5 м2, а најмногу се градело во Скопскиот регион, потоа Југозападниот, Пелагонискиот…

Во текот на минатата година во индивидуална режија градени се вкупно 1617 објекти и завршени 1742 станови со вкупна површина од 220 282 м2, од коишто 82 се станови во викенд куќи со вкупна површина од 7 240 м2, објави Државниот завод за статистика.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2020 година, индивидуални сопственици извршиле градежни работи во вредност од 7.740.488 илјади денари.

Просечната корисна површина на завршените станови е 126,4 м2.

По региони, најмногу се градело во Полошкиот регион, потоа Скопскиот, Југозападниот итн.

Back to top button
Close