Во 61 година почина Масимо Савиќ

Масимо Савиќ (60) почина во Загреб, а тажната вест ја потврди и Aquarius Records. Неговата сопруга Ени и ќерката Мирна се простија од Масимо со емотивна објава на социјалните мрежи. „По кратка, но херојска борба не напушти нашиот татко, сопруг, гордост и љубов, Масимо Савиќ. Иако го напушти овој свет, засекогаш ќе живее во нашите души, насмеан, топол, силен, полн со љубов и исткаен од уметност. Ќе бидеме ваши девојки засекогаш.Ани и Мирна“, гласеше нивната објава.

Масимо е роден на 6 јуни 1962 година во Пула, а средното образование го завршил во Загреб, каде што ја започнал својата музичка кариера. Во 1983 година како водач на легендарната група Доријан Греј го издава првиот албум „Сјај у тами“, а две години подоцна вториот албум „За твоите очи“.

Хрватската радио-телевизија објави дека Савиќ починал попладнево во болницата во Виноград каде се лекувал од рак на белите дробови.

Back to top button
Close