Во Албанија расте бројот на заболените од Ковид-19

Албанското министерство за здраство соопшти дека се влошува состојбата со Кпоронавирусот во земјата . Во последните 24 часа во Албанија се регистрирани 36 нови случаи на Ковид 19 од кои дури 27 во Тирана . По кратка пауза нови случаи има и во Скадара ,Драч и Лежа. Во споредба со изминатите три дена бројот на ново регистриранирте лица болни од Коронавирус е двојно поголем бидејки просечно имаше по околу 15 болни .

Истиот извор информираше дека вкупниот број на тестирани лица во последното дененоќие е 359 .

Министертството за здтаство на Албанија информираше дека главни причини за зголемувањето на бројката на болните од вирусот Ковид 19 е непочитување на мерките за заштита и масовната посета на угоститеслки објекти .

КМ

Back to top button
Close