Во болниците се лекуваат 422 ковид-паценти, бројот на приеми се намалува
– Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 15 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 169 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.
Во последното деноноќие, како што соопшти Министерството за здравство, на Интерните клиники имало едем прием. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 10 примени пациенти и четворица биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа, посочуваат, дома се пуштени 19 оздравени пациенти. Во ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 35 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 62 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 72 пациенти.
Вкупно 169 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми, како што велат од Министерството, во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 130 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 253 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.
– По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 28 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 28 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 8 пациенти, во Велес се лекуваат 31 болен, а во Куманово 43 пациент позитивeн и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 30 пациенти, во Прилеп 17, во ковид центарот во Гостивар 8, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 17 пациент, во Кочани 7 во Кичево 6, Кавадарци 7, а во Гевгелија 3 лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти, посочуваат од Министерството за здравство.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 422 и има околу 470 празни болнички кревети во ковид центрите.
Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.
– Министерството за здравство има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, наведуваат во соопштението.