Во Есен приведен тинејџер кој планирал бомбашки напад во училиште

Германската полиција во Есен приведе 16-годишно момче, откако во неговиот дом пронашла материјали за изработка на бомби. Тинејџерот е приведен под сомнение дека планирал напад во училиште.

Министерот за внатрешни работи на покраината Северна Рајна Вестфалија, Херберт Реул изјави дека материјалите за правење бомби и други експлозивни материи биле откриени утрово за време на рација во домот на тинејџерот.

Набргу потоа, полицијата започна голема операција во две училишта во Есен.

– Полицијата најверојатно спречила кошмар, посочи Реул.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close