Во Германија навалица за камини и печки на дрва

Според тврдењата на Централното здружение за санитарии, греење и климатизација, во Германија масовно се нарачуваат вградување камини и печки на дрва.

Германците се плашат дека ќе нема гас, а струјата е сѐ поскапа, па се бараат алтернативни извори на греење, пренесе Пословни дневник.

побарувачката нагло скокна по вртоглавите цени на електричната енергија, испораките доцнат ширум Европа поради нарушените синџири на снабдување, а со недостиг на суровините, прашање е колку Германија воопшо може да ги снабди купувачите.

Во германија постојат 2.000 компании за производство на печки. Интересот за јаглен, огрев и печки е сѐ поголем, а пред продавниците за камини и печки надрва се ствараат редици. Така барем тврди Здружението, пренесуваат медиумите, додавајќи дека за камин или печка може да се чека до една година. Затоа некои купувачи сигурно нема да ја добијат својата печка го почетокот на грејната сезона, дури ни во текот на зимските месеци.Германците, уште пред војната во Украина, почнаа да прават залихи од јаглен и дрва кога поскапе гасот, плашејќи се дека воопшто нема да има енергенти. Дрва за огрев складираат и оние кои инаку се греат на струја, „за секој случај“.

 

Back to top button
Close