Во хрватските училишта на систематски преглед ќе се проверува дали децата имаат висок холестерол

Наследниот висок холестерол кај училишните деца во иднина ќе се открива во склоп на систематскиот преглед за упис во основно училиште, најавено е на стручниот здравствен конгрес што се одржа од 6 до 7 мај во Опатија.

Како дел од систематскиот преглед, децата ќе прават анализи на крвта и ќе се проверува нивото на холестерол, изјави академик Жељко Рајнер на конгресот Futur Z, нагласувајќи дека ова е голем чекор напред во навременото откривање на наследниот покачен холестерол.

– Иако семејната хиперхолестеролемија звучи како ретка болест, таа го погодува секој 300-ти граѓанин и е една од најчестите наследни болести, предупреди Рајнер.

Тој објасни дека болеста се јавува при раѓање, а пациентите имаат десет пати поголем ризик од предвремени кардиоваскуларни проблеми. Затоа е важна можноста за скрининг за наследен покачен ЛДЛ холестерол, кој се планира да се воведе до крајот на оваа година преку системот на училишна медицина.

Идејата е на секое дете, кое ќе дојде на систематски преглед пред да се запише во прво одделение во основно училиште, да му се провери вредноста на ЛДЛ холестеролот.

– Со ова ќе се откријат деца кои веќе имаат висок ЛДЛ холестерол и ќе им дадат насоки за натамошен третман, но информациите би биле важни и за семејството на детето, кое исто така ќе биде упатено на проверка на вредноста на ЛДЛ холестерол поради сомнителна семејна хиперхолестеролемија, објасни Рајнер.

Директорот на Клиничката болница во Риека, Ален Ружиќ, истакна дека кардиоваскуларните болести се уште се главна причина за смртност во Хрватска, а главен фактор на ризик е високиот ЛДЛ холестерол. Тој посочи дека се работи за асимптоматска состојба, во која пациентот не е свесен за опасноста

 

Back to top button
Close