Во Истанбул приведени повеќе од 400 луѓе за време на демонстрациите за Први мај
Повеќе од 400 лица беа приведени денеска во Истанбул за време на демонстрации по повод Први мај, Меѓународниот ден на трудот, соопшти тамошното здружение на адвокати.
Дел од градот беше парализиран за да се спречи какво било собирање на плоштадот Таксим.
„Бројот на уапсените надмина 400“, соопшти истанбулскиот оддел на Здружението на адвокати.
Властите засега не објавија ништо.
Во Турција, прославите на Меѓународниот ден на трудот послужија како платформа не само за борбата за работнички права, туку и за пошироки повици за поддршка на демократските вредности, бидејќи демонстрантите планираа да протестираат против апсењето на опозицискиот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, јавија западни медиуми.
Неговото апсење во март предизвика најголемите протести во земјата во последната деценија, а денешниот празник отвори можност за обновени антивладини протести.
Властите го блокираа пристапот до центарот на Истанбул и ги затворија улиците што водат до центарот.
Со ретки исклучоци, собирите се забранети на големиот плоштад откако демонстрациите во 2013 година ги потресоа властите.
Како и во претходните години, полицијата го блокираше плоштадот во изминатите неколку дена