Во Канада протести за поддршка на иранските жени

Десетици илјади лица вчера излего на протести во Монтреал и другите канадски градови во знак на поддршка на протестите што веќе над две недели го потресуваат Иран по смртта на 22-годишната Махса Амини, која на 16 септември беше претепана од „моралната полиција” поради непочитување на строгите правила за облекување.

Протестното движење во Иран трае веќе 16 дена, а почна кога Махса Амини почина, откако претходно беше уапсена затоа што не ја покривала косата во согласност со строгиот ирански кодекс за облекување за жените.

Десетици илјади лица вчера учествуваа на собирите на силидарност низ неколку градови на Канада, вклучувајќи ги Ванкувер, Торонто и главниот град Отава.

 

Во Торонто, јавната телевизија Си-би-си прикажа слики на демонстрантите кои носат маици со пораката „Правда за Махса Амини” и вееја ирански знамиња.

Во Монтреал, неколку жени ја потстрижаа косата додека повеќе од 10.000 лица држеа транспаренти на кои пишуваше „Правда” и „Не за Исламската Република”.

-Тоа беше за Иранките кои се борат за својата слобода, за својот живот во Иран, изјави 30-годишна иселеничка која го даде само своето име Син, откако ја скрати косата.

Неколку луѓе од толпата повикаа на промена на режимот во Техеран и за построги канадски санкции кон Иран.

Back to top button
Close