Во Лос Анџелес сцени како од „Титаник“: Славните пијат коктели додека градот гори
Поло лаунџот во хотелот Беверли Хилс, или „Розевата палата“, како што го нарекуваме ние локалците, секогаш била врвот на холивудскиот гламур и шик. Луксузните кожнени седишта се полни со најголемите ѕвезди на Холивуд кои разговараат за мултимилионски проекти, во рацете со валкани мартини кои чинат по 43 долари и јадејќи ја препознатливата Мекарти сецкана салата.
Но, оваа недела, додека пожарите во Пацифик Палисејдс беснееја на 13 милји по булеварот Сансет, мирното лоби изгледаше на воена зона.
Редица во која беа некои од најбогатите жители на Лос Анџелес се протегаше од лобито, по црвениот тепих и сѐ до паркингот, каде што пристигнуваа загрижени, расплакани и вознемирени луѓе, држејќи ги своите деца, кучиња и, во еден случај, својот африкански сив папагал.
„Тие пристигнаа со своите Тесла и Бентли во облеката која ја носеле кога побегнале“, ми кажа еден вработен во хотелот.
„Една дама се држеше за своите деца и им донесовме сладолед од ресторанот додека седеа во лобито држејќи го семејниот лабрадор. Потоа таа заплака затоа што сфати дека не зела ниту една фотографија од својата мајка која починала кога била дете“.
Низ Лос Анџелес, собите во хотели со пет ѕвезди како Пенинсула, Фор Сизонс, Сансет Тауер, Лермитаж и Бел Ер (омилен на принцот Ендрју) се распродадени.
Собите се изнајмуваат за над илјада долари за ноќевање, и додека законот забранува зголемување на цените за време на криза, мојот извор ми кажува дека постои хиерархија околу собите.
„Имаме директор од Нетфликс којшто е лут затоа што некој од маркетинг одделот на Универсал добил подобар апартман. Можеби сме во средината на Армагедон, но во град како Лос Анџелес, статусот сè уште е важен.“
Иако ниту еден од хотелите не ја открива својата листа на славни гости, забележана е скршената Кети Хилтон во „Розевата палата“. Таа е познатата наследничка на Хилтон хотелите чија ќерка Парис ја загубила куќата во Малибу за време на пожарот.
Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон, наводно, биле забележани во Пенинсула, хотел за моќници каде што некогаш ужасниот продуцент Харви Вајнштајн имал апартман.
Ари Емануел, супер-агентот на Меган Маркл, бил забележан како пие чај во лобито, додека Џејми Ли Кертис наводно ги тешела пријателите во ресторанот. Во Сансет Тауер, омилениот хотел на Џенифер Анистон, собите одат до 5 000 долари по ноќевање.
Изгледа неверојатно дека само минатиот викенд седев покрај базенот во овој хотел, гледајќи го градот со коктел во рака на забавата за одбележување на Златните глобуси. Сега тоа изгледа како да било пред цела вечност. Оттогаш, најмалку десет луѓе загинаа во шест пожари, а Пацифик Палисејдс, дом на Сер Ентони Хопкинс, Бен Афлек и Харисон Форд, е уништен.
Оваа недела, во Арт Деко хотелот Сансет Таур, сопственикот Џеф Клајн, легенда во угостителството кој ги води и бунгаловите Сан Висенте (за кои се вели дека принцот Хари престојува кога е во градот), ја задржува својата вообичаена дискреција.
Тој рече: „Не може да се негира дека има стрес. Луѓето ги загубија своите домови, ги загубија личните предмети. Се надевам дека она што можеме да го обезбедиме е брзо бегство од стресот и анксиозноста низ кои поминуваат. Убаво е да знаеш дека нешто што те прави среќен, можеш да се вратиш на тоа, и тоа сè уште е тука и сè уште стои. И тоа е истото пијано и истиот басист и истите силни коктели.“
Еден извор ми рече: „Се чувствува како да сме на Титаник. Ја имаме музиката, коктелите, убавата храна, финиот лен, пијанистот. Но, оваа ужасна трагедија се случува, луѓето изгубија сè и никој не знае на што ќе се врати дома. Многу е тажно.“
Сепак, и покрај неоспорната човечка трагедија и загуба, „стандардите“ мора да се одржуваат.
Мојот инструктор за пилатес ми рече дека никогаш не бил позафатен, со жени кои го повикуваат за вежбање во хотелските соби и кои велат: „Не ми е важно колку чини, ми требаш!“
ПР-от на еден од најпознатите дерматолози за славни личности во Беверли Хилс рече дека некои жени паметно го користат времето – се кријат во своите соби за да добијат инјекции за усни, филери за лице и ботокс.