Во Москва соборен температурен рекорд после 111 години

Во Москва е соборен температурниот рекорд од 27 јануари 1914 година, откако денеска во 06:00 часот метеоролошката станица во руската престолнина измери 3,5 степени Целзиусови над нулата, изјави шефот на метеоролошкиот центар „Фобос“ – Евгениј Тишковец.

„Во главниот град на Русија, во историјата на редовните метеоролошки мерења, и покрај дождот, по 111 години е поставен нов температурен рекорд на референтната московска метеоролошка станица VDNKh. Во 06:00 часот била температура од плус 3,5 степени Целзиусови. Претходниот температурен максимум од 1914 година беше плус 3 степени Целзиусови“, рече Тишковец.

Тој додаде дека температурата ќе продолжи да расте и до крајот на денот ќе достигне максимални плус 4-6 Целзиусови степени.

„Последната недела од јануари во руската престолнина започна со априлското време, а невообичаено топлиот понеделник го означи почетокот на серијата дневни температурни рекорди“, изјави шефот на метеоролошкиот центар

Back to top button
Close