Во Нагорно Карабах загинати 633 ерменски војници

Министерството за одбрана на Нагорно Карабах соопшти дека бројот на жртвите во војната против Азербејџан од 27 септември се зголемил за уште 29. Вкупно загинале 633 војници.

Ерменија и Азербејџан не можат да постигнат мировен договор за Нагорно Карабах со децении. Во војната во 90-тите години загинаа околу 30 000 луѓе. Кон крајот на септември, двете земји го продолжија конфликтот во спорниот регион.

Во последниве денови, Ереван и Баку взаемно се обвинуваат дека започнале нови напади по хуманитарното примирје за време на викендот.

Back to top button
Close