Во невремето во Скопје падна дрво врз гаражи во Кисела Вода

Невремето кое попладнево го зафати Скопје предизвика и штети во дел од градот. Врз гаражи во скопската општина Кисела Вода паднало и дрво, може да се забележи од фотографиите кои ги објавија дел од медиуми и од оние што се споделуваат по социјалните мрежи.

Урнато дрво во Кисела Вода / Фото: Телма ТВ
Обилни врнежи во Скопје / Фото: 360 степени

Невреме може да се очекува и во наредните денови. Според актуелното предупредување на УХМР, од денеска попладне па сè до вторник ќе преовладува променливо облачно време, наместа ќе има и пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално, велат од УХМР, процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, со пообилен пороен дожд, чести грмежи и силен ветар од над 90 километри на час, а можна е и појава на град.

Температурата, пак, од утре ќе биде во постепено опаѓање.

 

 

Back to top button
Close