Во Основен суд Куманово почна судењето против Вангелица Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово
Во Основниот суд Куманово, денеска почна првото судењето во кое обвинета за убиство е Вангелица Илијевска, 36 – годишна жена која во јуни, годинава ги уби сопругот и свекорот во домот во Кратово. Обвинителството бара да се осуди по член 123 од Кривичниот законик, додека нејзината одбрана тврди дека таа, постапувала во нужна одбрана. И обвинетата на прашање на судијата рече дека дејствувала во нужна оодбрана.
Јавниот обвинител во воведниот говор кажа на 13 јуни, годинава Илијевска по семејно насилство со нож ги убила нејзиниот сопруг Јован и свекорот Стојан. Таа со нож нанела повреди во пределот на градите и на Јован и на Стојан Илијевски додека била на горниот кат на куќата, на што му претходела вербална расправија со сопругот, физички била нападната, со тупаници кога ја фатил за врат, зела нож и му нанела убодни рани. Подоцна со нож му нанела убодни рани и на свекорот.
Обвинителството остана на обвинителниот акт и за продолжување на куќниот притвор на Вангелица.
Одбраната рече дека Вангелица Илијевска била во брак повеќе од десет години и била жртва на семејно насилство, физичко и психичко малтретирање од сите членови на семејството, најмногу од нејзиниот сопруг Јован. Таа, како што рече адвокатот Христијан Георгиевски, била долгогодишна жртва на семејно насилство, за што рече сведочат пријавите во Центарот за социјални работи и во полицијата. Во моментот на убиството посочи дека нејзиниот сопруг бил во алкохолизирана состојба, претепана што ја натерало жената да го изврши трагичниот настан. Одбраната рече дека жената е прилично ситна по градба, досега неосудувана, нагласувајќи дека жените жртви на семејно насилство се посебно ранлива категорија. Одбраната кажа дека таа морала да делува бидејќи претходно била брутално нападната од сопругот. Во текот на постапката внимание ќе посвети и на задоцнето постапување на институциите кои придонеле да се случи овој настан.
На денешното рочиште сведочеше мајката на Јован и сопруга на Стојан, свекрвата Славица Илијевска, која кажа дека не сведочела лично на убиствата, бидејќи не можела со штаки да се качи на вториот кат од куќата каде се случил настанот. Таа негираше дека Јован ја малтретирал Вангелица. Неа за настанот ја информирал поголемиот внук кој трчал и го повикал првин дедото да се качи горе на катот, а подоцна го повикал и соседот. Малолетните деца ги прибрал соседот. Таа ќе побара и материјално обештетување од обвинетета.
Денеска сведочеше и соседот Панче Атанасовски кој кажа дека бил повикан од синот на Јован и Вангелица околу 21 часот. Качувајќи се кон катот првин го забележал телото на Стојан, проверил и не почувствувал пулс. Ги видел во ходникот на вторито кат Јован и Вангелица како лежат на подот, Јован му кажал да и го земе ножот, го зел и оставил на првиот кат на ормар. Ја видел и Вангелица која му кажала дека се борела со двајцата. Соседот телефонски повикал полиција и амбуланта кола. Првин пристигна полицијата, а после и итна помош и тој заедно со нив се кчаил повторно на вториот кат тогаш и Јован не давал знаци на живот. Сведокот не знаел дали имало малтретирање, но потврди дека гледал полиција и Центар за социјални работи во домот на соседот со кој живелее куќа до куќа. Потври дека понекогаш пиеле алккохол со починатиот Јован, ама не знаел дали често пиел.
На наредното рочиште ќе се разгледуваат доказите, материјално технички и ќе се сослушуваат вештите лица од психијатрија и ДНК анализа на предлог на обвинителството. Одбраната ги оспори психијатриското вештачење и наведе дека има листа на над 75 писмени материјални и вербални докази и ги оспори ДНК анализата и психијатриското вештачење на обвинетата.
Наредното рочиште е закажано за 18 декември годинава.