Во Прилеп и Пласница по еден, во Долнени уште двајца новозаразени со коронавирус

 Еден лице е заболено од коронавирус во Прилеп, двајца во општина Долнени и еден во Пласница, информираа денеска од прилепскиот Центар за јавно здравје.

Денеска се регистрирани и шест оздравени лица, па моментално во Прилеп се активни 24 случаи. Од нив 16 пациенти се на домашно, а осум на болничко лекување.

На инфективното одделение во Прилепската болница се хоспитализирани четири лица позитивни на коронавирусот. На три лица сомнителни на Ковид-19 земен им е брис и се чекаат резултати.

Во самоизолација се наоѓаат 54 лица. Дваесет и пет прилепчани се казнети поради неносење заштитни маски.

Back to top button
Close