Во првиот квартал најмногу се барале работници во услужните дејности и продажбата
Стапката на слободни работни места во првото тримесечје од годинава изнесува 2.07 проценти, а најголем број слободни работни места, 2 346, има во петтата група занимања: Работници во услужни дејности и продажба, објави Државниот завод за статистика.

Вардарскиот Регион има највисока стапка на слободни работни места од 2.28 проценти.
Највисока стапка на слободни работни места од 4.94 проценти има во секторот Сместување и послужување храна, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0.15 проценти.
Деловните субјекти со 10 до 49 вработени имаат највисока стапка на слободни работни места од 3.05 проценти.






