Во првите 40 дена од функцијата, Трамп потпишал рекордни 79 претседателски укази

Според Федералниот регистар, ниту еден американски претседател не потпишал толку многу извршни наредби со толку брзо темпо уште од 1937 година. За време на претходниот мандат, во истиот период Трамп потпишал само 15 извршни наредби

President Trump signed an executive order related to the oil pipeline industry in the Oval Office on January 24.

Од неговото враќање во Белата куќа на 20 јануари, американскиот претседател Доналд Трамп потпиша 79 претседателски укази, кои се однесуваат на широк спектар на прашања од надворешната политика до правата на трансродовите лица.

Толкав број на укази потпишал неговиот претходник, Џо Бајден за време на четиригодишниот мандат.

Според Федералниот регистар, ниту еден американски претседател не потпишал толку многу извршни наредби со толку брзо темпо уште од 1937 година. За време на претходниот мандат, во истиот период Трамп потпишал само 15 извршни наредби.

Најмногу или 27 од указите се однесуваат на царини, поддршка за фосилните горива, како и на создавање суверен фонд, но и прогласување на енергетска вонредна состојба, со цел да се стимулира американското производство на јаглеводороди.

Четиринаесет извршни наредби се однесуваат на прашања поврзани со различноста и родот, вклучително и оној, што го признава постоењето на само два пола во САД, машки и женски.

Шеснаесет декрети се посветени на програмите за имиграција и прием на бегалци, како и за укинување на правото на државјанство по раѓање.

Еден од декретите се однесува и на воспоставување на англискиот јазик како официјален јазик, што значи дека федералните агенции повеќе не се обврзани да даваат услуги на други јазици, освен на англискиот.

Шест декрети се однесуваат на Федералната агенција на администрацијата на чело со Илон Макс.

Десет декрети се за создавање на Национален совет за енергетска доминација, насочен на производство на енергија за потребите на вештачката интелигенција.

За здравствената заштита и за повлекување на САД од Светската здравствена организација (СЗО) се однесуваат 13 укази.

Еден од наредбите се однесува и за враќање на работа на воениот персонал што не бил вакциниран против ковид-19.

Back to top button
Close