Во САД наскоро ќе бидат дистрибуирани околу 800.000 вакцини против мајмунски сипаници

Американската агенција за храна и лекови (ФДА) денеска објави дека околу 800.000 дози вакцина против мајмунски сипаници наскоро ќе бидат достапни за дистрибуција.

ФДА соопшти дека процесот на сертификација е завршен и дозите од вакцини веќе пристигнале во САД. Агенцијата пред околу две недели соопшти дека извршила увид во објект во Данска каде се полнат ампули со вакцини.

САД веќе дистрибуираа 310.000 дози од вакцината Џинеос (Jynneos) до државните и локалните здравствени установи, но клиниките во неколку големи градови се пожалија дека немаат доволно дози за сите заинтересирани.

Американските власти овој месец објавија дека ќе бидат нарачани уште пет милиони дози. Поголемиот дел од таа нарачка се очекува да пристигне дури следната година.

Back to top button
Close