Во САД снимена мечка како лови со глутница волци

Во Националниот парк Јелоустоун во САД е снимен редок случај – мечка лови со глутница волци… Но потоа, таa им го краде уловот и побегнува со него.

Мечките и волците обично не дејствуваат заедно, но во овој случај гризли-мечката им се придружи на волците во лов на елени. Но, кога убија еден, „натрапничката“ им го украде пленот на своите „другари“…

Ваквото „подмолно“ однесување кога единка од животински вид краде храна од друг вид, се нарекува клептопаразитизам.

Претставниците на паркот велат дека не е невообичаено мечките да крадат храна од волците, но обично, тие се игнорираат меѓу себе.

Back to top button
Close