Во следните три години милион Италијанци би требало да имаат над 90 години
Во следните три години се очекува еден милион Италијанци да наполнат над 90 години.
Повикувајќи се на националното здружение за стареење и активна долговечност „Италија Лонгева“ основано од Министерството за здравство, италијанските медиуми јавија дека една третина од населението во државата ќе биде над 65 години, сами и во ризик од изолација.
Ситуацијата создава огромна потреба за домашна нега, при што се очекува околу шест милиони постари луѓе да живеат сами и да бидат изложени на ризик од изолација во следните 20 години.
Во моментов, 64 отсто од лицата со деменција не се згрижени во социјалните и здравствените установи, што претставува многу тежок товар за семејствата, велат од здружението