Во сообраќајка кај Велес тешко повреден 71 годишен маж
Во СВР Велес синоќа било пријавено дека околу 19 часот на регионален пат Р1102 во правец од село Отовица кон Велес, патничко возило „рено“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 71 годишниот Р.Т. од Велес, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани од болницата во Велес, информираат денеска од СВР Велес.
Како што сме информирани од ТППЕ Велес, возачот од оштетеното возило од несреќата бил извлечен со помош и асистенција на пет пожарникари – спасители од ТППЕ Велес.
Како што најавија од СВР Велес, по овластување на јавен обвинител увид извршила увидна екипа од СВР Велес.
Според портпаролот на ЈЗУ Општа болница Велес,д-р Билјана Босилкова по извршените прегледи на лекарите специјалисти по хирушки болести и снимки на компјутерски томограф на граден кош и стомак било констатирано дека Р.Т се здобил со тешки телесни повреди и е задржан на болничко лекување во велешката болница.
Воедно најави дека во текот на денот ќе му бидат напраени и дополнителни испитувања.