Во Струмица се запали покрив на зграда – станарите итно евакуирани!

На 12.04.2025 година во 21.50 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека настанал пожар на покрив од станбена зграда лоцирана на улицата „Никола Тесла“ во Струмица.

Станарите биле безбедно евакуирани, пожарот бил изгаснат и повредени лица нема.

Увид на местото на настанот во текот на денот ќе извршат инспектор за пожари и екипа на СВР Струмица.

Back to top button
Close