Во текот на ноќта руските сили го извршија најголемиот напад врз Киев оваа година
Во текот на ноќта руските сили го извршија најголемиот напад врз Киев оваа година, при што украинската противвоздушна одбрана соборила повеќе од 40 дронови над главниот град, додека над цела Украина беа соборени 89 беспилотни летала и еден проектил.
Засега нема информации за жртви или штети.
Шефот на Воената управа на Киев, Серхиј Попко, изјави дека тоа бил е еден од најголемите напади од почетокот на инвазијата и дека руските сили се обидуваат со нови тактики да го погодат главниот град на Украина.