Во трка на пијани возачи загина семејство во Мостар


Тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа во близина на Мостар, во која четири лица загинаа, а четворица се тешко повредени, настанала поради прекумерно консумирање алкохол и трки со автомобили, јавува Klix.ba.

Во алкохолизирана состојба се тркале М.П. во БМВ Х5 и М.Д. во Мерцедес, на кој му биле измерени 2.5 промили на алкохол во крвта. Смртно настрадал бизнисменот од БиХ, Мате П. Кој управувал со БМВ-то, а кој притоа со пријател се враќал од крштевка.
Во несреќата во автомобилот „рено сценик“ загина брачниот пар Крстиќ од Мостар, со деветгодишниот син, додека нивната тригодишна ќерка се здобила со повреди, а за неа се борат лекарите во мостарската болница.

Back to top button
Close