Во Вашингтон акција: Прими вакцина, добиј џоинт

– Бесплатен џоинт марихуана ќе добијат возрасните во Вашингтон откако ќе се вакцнираат против коронавирусот.

Државниот одбор за алкохолни пијалоци и канабис објави дека кампањата наречена „Џоинт-за-вакцина“ стапува во сила веднаш и ќе трае до 12 јули, објави Њујорк тајмс.

За луѓе постари од 21 година, продавниците со канабис ќе обезбедат еден џоинт кога ќе ја примат првата или втората доза на вакцината. Акцијата се однесува само на цигари од марихуана, а не на други производи од канабис.

Во Вашингтон, околу 58 проценти од луѓето досега примиле една доза, а 49 добиле друга доза.

Слична акција најави и федералната држава Аризона.

Back to top button
Close