(ВО ЖИВО + ГАЛЕРИЈА) Од 5:30 утрово стотици илјади верници во Ватикан на последното испраќање на Папата

 

Бројни верници почнаа да пристигнуваат на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, од каде што ќе го следат погребот на папата Франциск, кој е закажан за 10 часот наутро.

 

 

 

 

 

 

Контролните пунктови во Ватикан се отворија во 5:30 часот наутро, а многу граѓани веќе беа пред портите чекајќи одобрение за влез на плоштадот. „Веќе во 5:30 часот, стотици луѓе се собраа пред портите. Исто така, имаше многу свештеници и калуѓерки кои пристигнаа решени да не го пропуштат овој настан“, пишува „Ла Стампа“.

 

 

Улиците на Рим се затворени и поради погребот на папата, како и бројни безбедносни протоколи во сила поради пристигнувањето на светските лидери, вклучувајќи го и американскиот претседател Доналд Трамп.

Безбедносните планови вклучуваат борбени авиони „Еурофајтер“, оружје што се користи против беспилотни летала и илјадници полицајци што ќе патролираат по улиците. Италијанскиот весник „Ла Стампа“ објави дека папата ќе го направи своето последно „земно патување“ на познатиот папамобил, кој е претворен во мртовечко возило.

По погребот, гробот на папата Франциск ќе биде достапен за верниците од недела наутро

 

Back to top button
Close