Воената состојба во Украина е продолжена до крајот на август

Украинскиот Парламент изгласа продолжување на воената состојба и општа мобилизација за три месеци.

Врховната Рада гласаше за продолжување на воената состојба до 23 август, а општата мобилизација е продолжена за три месеци.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно до Врховната Рада на Украина поднесе предлог-закони за продолжување на воената состојба и мобилизацијата, кои истекуваа на 24 мај.

Воената состојба во Украина беше воведена на 24 февруари, кога започна воената инвазија на Русија против таа земја.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close