Воените пензионери во Србија закажаа за утре протест
Здружението на синдикати на пензионирани воени лица на Србија најави протест за утре претпладне во Белград со барање за реформа на пензискиот исстем и како поддршка на барањето на студентите за предвремени парламентарни избори.

„Пензионерите ги поддржуваат барањата и протестите на студентите и со собир сакаат да ги поддржат во барањето за предвремени парламентарни избори и да ги искажат своите очекувања во врска со реформата на пензискиот систем за тој да биде финансиски одржлив, пофер и посигурен за идните пензионери“, соопшти здружението.
Нивните барања се студентите да ги обединат сите граѓани и политички субјекти кои сакаат да ја заменат сегашната влада и да го променат системот, изборната листа поддржана од студентите да го вклучи предлогот за реформа на пензискиот систем во својата програма и да ја подобри положбата на пензионерите со најниска пензија






