Волц и Венс, кандидатите за потпретседатели на САД, вечерва на единствена дебата во Њујорк

Тим Волц и Џеј-Ди Венс, демократ и републиканец, потпретседателски кандидати на САД од соодветните партии вечерва имаат дебата во Њујорк. Со овој значаен настан двајцата се обидуваат да привлечат гласови, дебатата се случува на речиси еден месец пред претседателските избори закажани за 5 ноември.

Ова е единствена дебата меѓу Волц и Венс и може да биде конечна директна пресметка меѓу нивните гласачки ливчиња. Други дебати нема закажано меѓу претседателските кандидати, потпретседателката Камала Харис и поранешниот претседател Доналд Трамп, освен таа што се одржа на 10 септември. Минатата недела Харис го повика Трамп на уште една дебата, но кампањата на Трамп не одговори на предизвикот.

Кампањите се бидуваат да добијат каква било предност во тесната претседателска изборна трка, а националните анкети покажуваат дека Харис има мала предност во однос на Трамп, но практично нема разлика меѓу нив во неколку сојузни држави, клучни за освојување на што поголем број на електорални гласови што одлучуваат кој ќе биде следниот претседател на САД.

Бил Галстон, висок соработник за управување во Институтот Брукингс, за Гласот на Америка изјави дека важен дел од дебатата и за Волц и за Венс е да не прават грешка или да изразат став за политика што не ја дели нивниот претседателски кандидат.

-Првата работа што треба да направат е да се претстават пред електоратот и секој да се обиде да остави добар општ впечаток, изјави Галстон. „Второ, основното правило на кандидатите за потпретседател е скоро исто како и на потпретседателите; имено, не правете ништо што би го ослабнало или поткопало или засрами вашиот кандидат или вашиот претседател“.

Гласачите на неодамнешните претседателски избори во САД можеа да се потпрат на неколку дебати во кои беа вклучени претседателските кандидати, но овој циклус беше поинаков.

Трамп учествуваше на дебатата во јуни против претседателот Џо Бајден, настап на кој не му одеше добро на Бајден и поттикна повици од неговата партија да се повлече од кандидатурата. Откако Харис стана кандидат на Демократската партија, таа и Трамп се раскараа во дебата минатиот месец.

Гласачите во шест од 50 американски сојузни држави веќе гласаат предвремено, а во уште 14 сојузни држави се гласа предвреме до 16 октомври.

Back to top button
Close