Володин: Вашингтон ги координира воените операции во Украина, тоа е директно мешање во војната против Русија

Председатель Государственной Думы РФ Вячеслав Володин. Фото: © РИА Новости/Михаил Климентьев

 

 Претседателот на руската Државна дума, Вјачеслав Володин, денеска го обвини Вашингтон за координирање на воените операции во Украина, кои ги нарече директно мешање во воените дејствија против Русија.

„Во суштина Вашингтон ги координира и развива воените операции, затоа, директно учествува во воените дејствија против нашата земја“, напиша Володин на Телеграм.

Британските медиуми пренесуваат дека Вашингтон и европските партнери од НАТО го снабдуваат Киев со оружје за да се одбранат од руските напади, но САД и НАТО неколку пати соопштија дека самите нема да учествуваат во борбите, за да не влезат во конфликтот.

Back to top button
Close