„Волстрит џурнал“: Стотици сириски платеници ангажирани од Турција се распоредени во Нагорно Карабах

Стотици сириски платеници ангажирани од Турција се распоредени во зоната на конфликти во Нагорно Карабах, објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на извори вклучени во испраќањето сириски борци.

Во извештајот на весникот се наведува дека „стотици платеници од сириските вооружени фракции блиски до Турција се приклучиле на борбите меѓу Азербејџан и Ерменија“ и дека стотици други се подготвуваат да заминат на фронтот во Нагорно Карабах.

Врз основа на информации од извор поврзан со сириските вооружени фракции поддржани од Анкара, досега се убиени околу 200 сириски борци, па многумина се обидуваат да се вратат во Сирија.

Истиот извор наведува дека сириските платеници се согласуваат да се борат за плата од околу две илјади американски долари, но дека бројот на жртви меѓу нив се зголемува.

Цитирајќи информации од Министерството за одбрана на САД, весникот тврди дека Турција веќе испратила близу 5.000 платеници од Сирија и Либија. з

Back to top button
Close