Вонредна состојба во 16 града во Србија поради Ковид-19

– Во Србија е прогласена вонредна состојба во 16 града и општини поради влошување на епидемиолошката состојба.

Вонредната состојбата, која подразбира преземање посебни мерки за да се спречи ширењето на новиот коронавирус, е на сила во Белград, Богатиќ, Владичин Хан, Лучани, Нови Пазар, Тутин, Крагуевац, Врање, Ивањица, Шабац, Чачак, Краљево, Ариље, Пожега, Ужице и Прибој.

Во Србија во последните 24 часа се потврдени 289 нови случаи на коронавирус, врз основа на 7.872 тестирани примероци. Во истиот период починале уште шест лица, на респираторни машини се приклучени 93 лица.

Back to top button
Close