Вооружен маж влегол во резиденцијата на Трудо во Отава

– Канадската полиција уапси вооружен човек кој влегол на територијата на дворот каде што во Отава се наоѓа домот на премиерот Џастин Трудо и генералниот гувернер на земјата, Џули Пајет.
Осомничениот, чие име не е објавено во очекување на официјални обвиненија, успеал да влезе во имотот околу 6:40 часот претпладне по локално време.
– Човекот беше уапсен веднаш по инцидентот. Тој во моментов е во притвор и се сослушува, соопшти Кралската канадска полиција на Твитер.
Канадскиот премиер и гувернерката не биле на имотот во моментот на инцидентот.